Саке е можеби појапонско од светски познатото суши. Се приготвува во неколку века стари планински магацини, се пие во пабови наречени изакаја и се точи на свадби. УНЕСКО сега го вклучи оризовото вино на својата листа на нематеријално културно наследство на човештвото.
Сакето е меѓу 45 практики и производи кои добија заштитен статус на средбата на членките на комитетот на УНЕСКО во парагвајскиот град Луке.
„Саке се смета за божји подарок и е суштината на социјални и културни настани во Јапонија“, кажа Такехиро Кано, јапонскиот амбасадор во УНЕСКО.
Јапонците го пијат од осмиот век и оригинално се верувало дека дава заштита од зли духови. Има неколку основни состојки на сакето: ориз, вода, квасец и коџи, односно ледена мувла која ги разградува скробовите во ферментирани шеќери, како што го прави тоа сладот при производството на пиво.
За да биде еден производ означен како јапонско саке, оризот мора да биде јапонски. Јапонија годишно извезува саке во вредност од 265 милиони долари.
(Фото: АП)