АЕРОДРОМОТ ВО СИНГАПУР НУДИ ГЛАМУРОЗНО КАМПУВАЊЕ ВО ШАТОР ЗА 269 ДОЛАРИ

Сингапур, (Гардијан)

Аеродромот „Ченги“ во Сингапур, кој осум години по ред се прогласува за најдобар на светот, им нуди можност на своите корисници да кампуваат во шатор, последното необично патувачко искуство кое има за цел да ги зголеми приходите за време на пандемија. Едно ноќевање чини 269 долари и картите за ова „гламурозно кампување“ веќе биле распродадени.

„Гостите имаат можност да се разбудат со освежувачки поглед на величествениот ХСБЦ Рејн Вортекс, најголемиот водопад во затворено на светот“, велат од аеродромот.

Шаторите се со дијаметар од четири метри и доаѓаат со ќебиња.

Патувачката индустрија, тешко погодена од пандемијата, бара нови начини за привлекување муштерии. Австралиската авиокомпанија „Квантас“ организираше лет за никаде, а Сингапур крузер без дестинација. „ЕВА ер“ од Тајван и натаму нуди летови за разгледување за оние на кои им недостигаат патувањата, а на некои аеродроми може да се нарача храна што се служи во авиони.