ТВИТЕР ЌЕ ИЗБРИШЕ МИЛИОНИ СЛЕДБЕНИЦИ НА ТРАМП ПРЕД БАЈДЕН ДА ВЛЕЗЕ ВО БЕЛАТА КУЌА

Њујорк, (Би-Би-Си)

Твитер потврди дека милиони следбеници ќе бидат избришани од официјалните профили на американскиот претседател пред да бидат наследени од Џо Бајден. Тимот на Бајден се обиде да го спречи ова, но Твитер кажа дека одлуката нема да ја променат.

Во 2016 година, Твитер му дозволи на Доналд Трамп да преземе милиони следбеници од Барак Обама.

„Во 2016, администрацијата на Трамп ги презеде сите следбеници на Обама на Твитер. Во 2020, Твитер нѐ информираше дека администрацијата на Бајден ќе почне од нула“, изјави директорот за дигитални комуникации во кампањата на Бајден, Роб Флахерти.

Личниот профил на Џо Бајден има 21,7 милиони следбеници.

За време на својот мандат, Трамп објави повеќе од 50.000 твитови, но од ноември изгубил речиси 370.000 следбеници, додека Бајден во ист период добил над 2,6 милиони нови.