БУТАН – ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА БРОЈ ЕДЕН ЗА 2020 ВО КОЈА ШУМИТЕ СЕ ЗАШТИТЕНИ СО УСТАВ, А ПРОДАЖБАТА НА ЦИГАРИ ЗАБРАНЕТА

Лондон, (Телеграф)

Единствената земја која го мери прогресот според среќата на своите жители, а не според богатството е прогласена за дестинација број еден што треба да се посети во 2020 година, во традиционалниот избор на сајтот „Lonely Planet“, кој во исто време ја смести Македонија на третото место.

Ова, сепак, би можело да биде проблем за многумина заинтересирани, имајќи предвид дека малото кралство во Хималаи строго го има ограничено туризмот, како и сѐ освен суштинска меѓународна трговија, за да го зачува националниот идентитет. Во 1999 година, Непал го посетиле речиси половина милион туристи, а Бутан само 7.000.

Во главниот град Тимпу нема семафори

Бутан е препознатлив по спектакуларни планини, будистичка архитектура и необични кулинарски специјалитети, но она што го прави единствен е политиката на бруто национална среќа. Нивото на среќа се следи преку девет индикатори, како психолошка добросостојба, здравје, користење на време, образование, културна и еколошка разновидност и животен стандард. Така Бутан ја легализираше телевизијата дури во 1999 година од страв дека таа негативно ќе влијае врз неговата култура.

Пунтсхолинг важи за најурбанизиран град во Бутан

Дури и денес, посетите на Бутан мора да бидат организирани од агенции и цело време да бидат со придружба. Минатата година, Бутан имал само 275.000 туристи. Посетителите плаќаат дневна такса од 200 долари за период од декември до февруари, односно 250 долари во останатиот дел од годината.

  • Бутан има 750.000 жители.
  • Владата обезбедува бесплатни образование и здравство.
  • Една третина од популацијата е помлада од 14 години.
  • Бутан е единствената земја на светот каде што продажбата на цигари е забранета.
  • Бидејќи планинарењето е забрането, во Бутан се наоѓа највисокиот неискачен врв на светот, Гангхар Пуенсум (7.750 метри).
  • Според уставот, 60% од земјата мора да бидат покриени со шуми.
  • Според Обединети нации, една третина од населението живее под границата на сиромаштво.