Италијанскиот архитект Стефано Боери го претстави планот за изградба на паметен град со шума во Мексико. Дизајнот се оценува како пионерски во време кога е алармантна состојбата со климатските промени.

Smart Forest City Cancun е предвиден да се гради на простор од 557 хектари во близина на мексиканскиот град Канкун. Архитектот вели дека ќе има 7,5 милиони растенија, вклучувајќи различни дрвја, уредени грмушки и цвеќиња.

Фото: Стефано Боери архитектс

„Смарт сити Канкун ќе биде ботаничка градина, современ град базиран на историјата на Маите и во врска со природниот и светиот свет. Исто така, овој град ќе апсорбира 116.000 тони јаглероден диоксид годишно“, вели Боери.

Би имал 130.000 жители, кои би имале задачи на градинари на растенијата.

Фото: Стефано Боери архитектс

Боери им го претстави планот на властите во март и сѐ уште чека одговор.