Македонија се најде меѓу топ-10 дестинации што треба да се посетат во 2020 година, во традиционалниот избор на Lonely Planet.

Македонија се пласираше на третото место, зад Англија и Бутан и популарниот австралиски сајт вели дека ова се должи и на фактот што земјата неодамна се ребрендираше и го промени името во Република Северна Македонија, на тој решавајќи го долгогодишниот спор со Грција.

Иако тоа несомнено го привлече вниманието, има и други причини да се посети Македонија, како Охридско Езеро и Хај Скардус треил, 495 километри долга патека која поминува преку некои од најдраматичните планински врвови во регионот“, се вели на сајтот.

Како други работи што треба да се искусат во Македонија се наведуваат гастрономијата, древната традиција и природните убавини.

На првото место се најде малото будистичко кралство во Хималаи, Бутан, кој важи за единствена јаглеродно неутрална држава на светот и следната година планира да стане прва органска нација на светот.

Пред Македонија е и Англија, а во првите десет уште се Аруба, Есватини (некогашен Свазиленд), Костарика, Холандија, Либерија, Мароко и Уругвај.