ЧЕТИРИ ПОМАЛКУ ПОЗНАТИ МЕСТА ВО ЕВРОПА КОИ СЕ ПОПУЛАРНИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ НА ИНСТАГРАМ

Италија, (Вашингтон пост)

Корисниците на Инстаграм постојано бараат фотогенични места кои совршено ќе се вклопат во нивните објави. Европа нуди одлични можности за овие креативци со своите разновидни пејзажи, архитектонски чуда и природни убавини. Ова се четири дестинации во Европа кои не се толку познати, но се крајно фотогенични.

Бурано, островот кој се наоѓа на околу 40 минути патување со брод од Венеција, има само 4.000 жители. Познат по своите шарени куќи што се рефлектираат во водата на каналот, островот е идеален за фотографирање. Покрај рачно изработената тантела, која некогаш ги красела дамите од европската аристократија, Бурано ги маѓепсува посетителите со своите бои и шарм.

Авеиро (Фото: Гети)

Авеиро, град на брегот на Атлантикот, стана популарен поради своите канали, шарени чамци и куќи од бајки. Тој е станица меѓу Лисабон и Порто. Убавите плажи, рибниот пазар и опуштената атмосфера исто така го прават ова место привлечно.

Францускиот град Колмар ве враќа во средниот век со калдрмата, шарените куќи и каналите поврзани со мостови. Гостите уживаат во шармот на градот и вкусното локално вино.

Селото Валдемоса, кое се наоѓа на околу 20 километри од Палма де Мајорка, ги воодушевува туристите со својата медитеранска атмосфера.