Бирмингем привлекол рекорден број туристи минатата година откако фановите на „Жилетите од Бирмингем“ (Peaky Blinders) нагрнаа за да ги истражат локациите на коишто е снимана популарната гангстерска серија на Би-Би-Си, чија петта сезона почна да се емитува пред неколку дена.

Вториот најголем град во Велика Британија е уште една средина која извлече значителни придобивки од феноменот „телевизиски туризам“, во кој фановите посетуваат локации поврзани со популарни серии и филмови.

Рекордни 42,8 милиони туристи го посетиле Бирмингем лани, додека градот добро наплатува од тоа што бил дом на вистинската криминална банда Пики Блајндерс, која била активна од 1890-ите до 1930-ите. Интересно е што серијата не се ни снима на улиците на Бирмингем, туку во Ливерпул и Манчестер.

Ефектот на ‘Жилетите‘ го доживува својот врв овдека, при што тури и настани се распродаваат унапред. Рекорден број туристи сега го посетува регионот, истражувајќи ги местата кадешто е снимана серијата“, изјави градоначалникот Енди Стрит.

Бројот на туристи во Бирмингем пораснал за 26% откако серијата почна да се емитува во 2013. Откако беше купена од „Нетфликс“, „Жилетите од Бирмингем“ сега е достапна за гледање во 183 земји и особено е голем хит во САД.