Пролетното цутење на црешите Јапонија го има претворено во туризам од 2,7 милијарди долари. Повеќе од пет милиони туристи лани ја посетиле Јапонија во сезоната на настани и фестивали посветени на цутењето, кое во тамошната култура се смета за симбол на обнова и нов живот.

И додека една сезона завршува, друга почнува.

(Фото: Гети)

Полното цутење на глицинија трае од средината на април до почетокот на мај и е вистински фестивал на бои, бидејќи ова инвазивно растение може да има сини, розеви, виолетови и бели цветови, а виснатите гранки формираат тунели.

(Фото: Гети)

Ако сакате вистински да го доживеете спектаклот, треба да се посети цветниот парк Ашикага, каде што растат повеќе од 350 видови глицинија, како и повеќе од 5.000 грмушки азалеја.

Фестивалот во Ашикага трае од 13 април до 19 мај.

(Фото: Гети)