ПЦОВИСА ПОСЛЕДНИОТ ЖЕНСКИ ПРИМЕРОК НА РЕДОК ВИД ЖЕЛКА, ОСТАНАА УШТЕ ТРИ ВО СВЕТОТ

Пекинг, (АП)

Единствениот познат женски примерок на редок вид желка умре во зоолошка градина во јужна Кина, што го доведе во прашање неговиот опстанок.

Позната како Рафетус свинхои, таа беше еден од последните четири примероци од џиновската Јангце желка на светот. Во истата зоолошка градина живее и машки примерок, додека полот на преостанатите две, кои се во Виетнам, не е познат, што кај овој вид тешко може да се идентификува.

Желката, која била стара повеќе од 90 години, пцовисала 24 часа откако експертите по петти пат се обиделе вештачки да ја оплодат.

„Немаше компликации од операцијата и таа беше добро, но состојбата ѝ се влошила наредниот ден“, изјавија од зоолошката градина во Суџоу.

Природниот дом на џиновската Јангце желка се реката Јангце и езерото Таиху во Кина, но овој вид денес се смета за еден од најзагрозените на светот.