Секоја година, почнувајќи од 1993, едно јапонско село ги претвора своите полиња ориз во визуелен спектакл.

Ова лето, необичната уметност на селото Инакадате ја слави 90-годишнината од раѓањето на иновативниот манга уметник Осаму Тезука.

Огромните уметнички дела се создаваат така што се користат девет различно обоени видови ориз. Годинава, на тој начин се направени некои од најпознатите ликови од стриповите на Тезука, како Астро Бој, Блек Џек и белиот лав Кимба.

Тезука, кој почина во 1989 година, се смета за основоположник на манга стилот на цртање и ужива статус на јапонска верзија на Волт Дизни. Тој го објавил своето дебитантско дело во 1947 година и денес е еден од највлијателните јапонски цртачи.

Како се создава оризова уметност?

Во јуни се садат различни сорти ориз, кои како што раснат, го трансформираат целото поле. Жителите на селото го следат процесот на дневна база, објавувајќи видеа и фотографии на социјалните мрежи.