Поп ѕвездата Тејлор Свифт ја доби својата прва голема филмска улога, што ќе се случи во адаптацијата на мјузиклот „Мачки“ на Ендрју Лојд Вебер, што ќе го режира оскаровецот Том Хупер.

Дваесет и осумгодишната пејачка, која моментално е на голема стадионска турнеја, досега има само една значајна улога, но во анимираниот филм „Лоракс“ од 2012 година. Овојпат, таа навистина ќе се појави на големото платно, во филмот чија продукција ќе почне кон крајот на годината во Лондон.

Иако целосни детали за кастингот не се објавени, се очекува Свифт да ја глуми Гризабела, која во оригиналната постава ја играше Елејн Пејџ, а во поново време пејачките Леона Луис и Никол Шерцингер.

Мјузиклот „Мачки“ имаше премиера во Лондон во 1981 година и потоа беше на репертоарот на Бродвеј цели 18 години. Преведен е на повеќе од 20 јазици.

Кон актерската постава претходно се приклучија Јан Меккелен, Џејмс Корден и оскаровката Џенифер Хадсон.