Туризмот често носи значителни економски придобивки, но има и градови кои моментално се борат со прекумерен туризам.
Според „Дејли паспорт“ на првото место е Дубровник во Хрватска. Напливот на туристи кои пристигнаа откако овој хрватски град беше избран за локација за снимање на „Игра на тронови“ беше без преседан. Според истражувачите од Економскиот институт во Загреб, во Дубровник имало 245.000 повеќе туристи и 1,5 милиони ноќевања во од 2012 до 2015. Градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ, во 2018 се закани дека ќе го ограничи бројот на крстарења на два брода дневно,
Барселона, вториот по големина град во Шпанија пречека 15,5 милиони туристи за ноќевање во 2024 и дополнителни 1,6 милиони дневни патници таа година, поради статусот на градот како популарна дестинација за крстарење по Медитеранот. Некои жители го искажаа својот револт со рачно исцртани плакати на кои пишува „Туристите да си одат дома“. Некои ги прскааа туристите кои седат во кафулињата на тротоарите со водени пиштоли.

Според Јапонската национална туристичка организација, 36,9 милиони странски туристи ја посетиле Јапонија во 2024 година, што е значително зголемување од 25 милиони кои биле во 2023. Многу од нив го вклучуваат поранешниот главен град на Јапонија Кјото во нивната тура. Во 2019 година, локалните власти почнаа да прикажуваат знаци со предупредување за казни од 10.000 јапонски јени (67 американски долари) за оние кои ќе ги сликаат приватните улички во областа. Во 2024, градот отиде чекор понатаму, донесувајќи целосна забрана за стапнување во тие улички.
Иако вториот по големина град во Франција, Марсеј не е толку популарен кај странските туристи како Париз, тој сè уште се соочува со прекумерниот туризам, а градоначалникот на Марсеј Бенои Пајан презема нов пристап за борба против нив. Тој го забрани краткорочното изнајмување на станови.

Во 1987, Венеција во Италија беше прогласена за светско наследство на УНЕСКО, но во 2019 претставниците на организацијата издадоа предупредување дека е потребна драстична акција за да се заштити посакуваниот статус на овој уникатен град. Загриженоста произлезе од штетата што ја предизвикуваат големите бродови за крстарење и влијанието врз животната средина како и од прекумерниот туризам. Сега, патници кои планираат да го истражат античкото јадро на Венеција се обврзани да платат такса за пристап, а и туристичката такса за ноќевање е поскапа.