По речиси 14 месеци пауза, грчката граница од денеска повторно е отворена за македонските граѓани.

Откако го добиле протоколот за пропуштање на странски возила, грчките погранични служби во 14 часот го отворија преминот Богородица-Евзони, кој беше затворен за македонските државјани уште од 16 март минатата година, на самиот почеток на пандемијата на коронавирусот.

За влез во Грција, граѓаните треба да се пријават на сајтот travel.gov.mk и да приложат потврда дека се вакцинирани против ковид-19 или ја прележале болеста или негативен ПЦР тест направен во изминатите 72 часа.

Грција соопшти дека ги признава сите вакцини против ковид-19, вклучувајќи ги и кинеските и руските, кои засега не се одобрени во Европската Унија.

Отворањето на преминот се совпадна со почетокот на летната туристичка сезона во Грција.