Декември отсекогаш сме го асоцирале со божиќните и новогодишните празници. Меѓутоа, многу малку се зборува за одморот надвор од празничната сезона. За тие денови, кога превладува една посебна смиреност, токму тогаш е најсоодветното време за магични патувања, и тоа од многу причини.
Ова се неколкуте дестинации кои треба да ги пробате во текот на декември, а на многу од нив нема ни да почувствувате дека е зима!

Крит, Грција

Речиси никој не патува во Крит во декември, што значи дека нема мешаници и има многу добри понуди. Вистина е дека е престудено за капење, но климата е супер за шетање и за откривање на богатата историја на овој остров. Меѓу најубавите места се палатата на Кносос, Археолошкиот музеј на Хераклио и античкиот град Фест. Возбудливо е и да ги разгледате живописните мали гратчиња. Притоа, овој период е единствениот кога фамозната плажа Елафониси не е преполна со луѓе.

Возбудливо е и да ги разгледате живописните мали гратчиња (Фото: Травел ченл)

Хокаидо, Јапонија

Иако втор најголем јапонски остров, Хокаидо е сѐ уште под радарот на многу туристи од западните држави. Неговиот недопрен пејсаж вклучува вулкани, езера, шуми и топли извори.

Зимите се познати по големи количества на прашкаст снег, совршен за љубителите на скијање и сноубординг. Поминете ја ноќта во ски-центарот во гратчето Нисеко и направете мала пауза покрај топлите извори.

Зимите се познати по големи количества на прашкаст снег, совршен за љубителите на скијање и сноубординг (Фото: Травел ченл)

Гоа, Индија

Бескрајните прекрасни плажи на Гоа привлекуваат многу луѓе, дури и за време на одморите, па најдобро е да ги одберете јужните плажи, како АросимКансаулимАгонда и Банаулим, бисери на мирна атмосфера.

Можете да се сместите во Дварка, мал екоресорт на понеразвиениот дел на плажата. Уживајте во лагуната и во Арапското Море со локалната храна, логорскиот оган, удобните соби со големи простории и пристапот до масажери и инструктори по јога.

Одберете ги јужните плажи како Аросим, Кансаулим, Агонда и Банаулим, бисери на мирна атмосфера (Фото: Травел ченл)

Барселона, Шпанија

Последните недели од декември се најдоброто време да се посети Барселона, бидејќи температурата се движи околу 16 степени и продавниците, рестораните и туристичките атракции остануваат отворени. Искористете ја шансата да влезете без чекање ред во музејот на Пикасо, Саграда фамилија и во паркот Гуел.

Искористете ја шансата да влезете без чекање ред во музејот на Пикасо, Саграда фамилија и во паркот Гуел (Фото: Травел ченл)

Маракеш, Мароко

Бидејќи Мароко е муслиманска држава, тука нема да најдете божиќни пазари. Сите продавници се отворени, има помалку туристи, а температурите стигнуваат до 17 степени. Можете да ги поминете деновите шетајќи низ Стара Медина, полна со кожени чанти, шишиња со парфем, рачно врежани кутии и многу други работи.

Можете да ги поминете деновите шетајќи низ Стара Медина, полна со кожени чанти, шишиња со парфем, рачно врежани кутии и многу други работи (Фото: Травел ченл)

Венеција, Италија

Туристичката сезона не започнува дури до карневалот во јануари, што ја остава Венеција главно празна за време на празниците. Иако може да се случи да има магла или снег, времето му дава ефект на бајка на целиот град. Исто како во летно време, искористете ги деновите шетајќи низ каналите, пиејќи густо топло чоколадо во историскиот „Кафе Флоријан“ и лизгајте на Кампо Сан Поло.

Иако може да се случи да има магла или снег, времето му дава ефект на бајка на целиот град (Фото: Травел ченл)