СОЛО ПАТУВАЊАТА СЕ ХИТ ВО СВЕТОТ, ТАЗЕ РАЗВЕДЕНИТЕ АМЕРИКАНЦИ ТРОШАТ ДО 20.000 ЗА ОДМОР

САД, (Си-Ен-Ен)

Низ Америка и ширум светот, сѐ повеќе луѓе патуваат сами. Речиси една третина од оние кои изнајмуваат смештај во САД нудат еднокреветни соби, што е рекордно високо ниво. Во Европа, трендот е уште посилен, со околу 46% од Данците кои одат на одмор сами.

Патници кои одат на одмор сами честопати се соочуваат со покачување на цената. Тазе разевдените Американци трошат до 20.000 долари за одмор.

Луѓето денес се венчаат подоцна и поретко. Само 37% од Американците на возраст од 25-49 години се во брак со деца, што е намалување од 67% во 1970.

Пребарувањата на „Гугл“ за соло патувања доживеа пораст по Ковид пандемијата, а повеќе луѓе јадат сами во рестораните од кога било досега. За да го одбележи месецот за подигање на свеста за сексуалното здравје овој септември, њујоршкиот „Вокер хотел Трибека“ на Менхетен воведе понуда за самци. Гостите се поканети да го искористат престојот во хотел за „повторно да ја истражат сопствената сексуалност“.

Поволностите вклучуваат пијалок за ослободување од стрес, миризливо масло и луксузен сапун од познат бренд и интимен масажер од познат бренд за сексуално здравје.

Од сајтот за резервации „Хотелс“ за Си-Ен-Ен потврдија дека 90% од пребарувањата на хотели за престој во септември се за возрасни без деца, со поевтини цени откако заврши летниот метеж и децата се вратија на училиште.