Огромни карпести формации со големина на повеќекатници се надвиснуваат над Хо Мин Фук додека избира патека низ мрачната внатрешност на најголемата пештера на светот. Фук е водич на мала група луѓе кои ја истражуваат пештерата Сон Донг во Виетнам, толку голема што има свој екосистем и временски шаблони.

Дом на летечки лисици, џунгла, петкилометарски тунел и на џиновски сталактити и сталагмити, пештерата е вонземско чудо во срцето на виетнамска џунгла, која го промени животот на локалната заедница откако беше отворена за туристи во 2013 година.

Сон Донг првпат била откриена од локален жител во 1991 година, кога налетал на отвор во варовничка карпа и слушнал подземни води во длабочина. Сепак, кога се вратил дома, тој заборавил каде се наоѓа тајниот влез, па пештерата останала скриена уште две децении. Повторно била откриена во 2009 година со помош на британски истражувачи, кои утврдиле дека пештерата го има најголемиот пресек на светот. Овој подземен лавиринт на некои места се издигнува и до 200 метри. Пештерата е толку голема што може да собере 40-катници од цел блок во Њујорк.

Иако Сон Донг денес е туристичка атракција, масовен туризам е спречен така што е ограничен бројот на посетители и се одржуваат високи цени.

Ако почнеме со масовен туризам, тоа би можело да му наштети на природниот пејзаж“, вели Фук.

(Фото: Си-Ен-Ен/АФП)