Скопското дуо „Вокс Џејн“ (Vox Jane) ги освојува радиостаниците низ светот со својот прв сингл „Нешто убаво“ (Something Beautiful), инди балада со која доминираат вокалните квалитети на пејачката Далиборка Јаневска. Песната беше промовирана на 11 ноември, проследено со спот кој добива само одлични критики на Јутјуб, а британското онлајн радио „СЛЕ“ ги прогласи за артисти на годината.

Моментално, песната се врти по светските радиостаници, во Англија, САД, Австралија, Канада, Јапонија…“, вели Јаневска.

Зад „Вокс Џејн“ стојат сопружниците Далиборка и Филип Јаневски, за кои оваа песна претставува враќање на музичката сцена по долга пауза.

Ова е нов проект и следува откако пред 15 години издадовме албум со групата ‘Дина‘, ‘Враќање кон светлината‘. Филип претходно беше дел од групата ‘Earl Gray‘, која потоа стана ‘Gray Nova‘, каде што придонесував како пратечки вокал“, се наврати Јаневска на музичките почетоци.

Неочекувано големиот успех на „Нешто убаво“ ќе има и продолжение.

Правиме нови песни. Наскоро ќе излезат две во акустична верзија, бидејќи ни ги бараат во едно германско радио. Прво ќе објавуваме нови синглови, а потоа и албум“, најави Јаневска.

Г. КОНЕВ