ПЕДЕСЕТ МАНЕКЕНКИ НАСТАПИЈА НА ПРВАТА РЕВИЈА НА „ВИКТОРИЈАС СИКРЕТ“ ОД 2019

Њујорк, (Ен-Би-Си)

Адријана Лима беше меѓу „ангелите“ на „Викторијас сикрет“ кои се спуштија на пистата на првата ревија на брендот за долна облека по неколку години пауза. Оваа ревија своевремено беше еден од најисчекуваните модни настани на годината, но беше укината во 2019 поради контроверзи.

Џиџи Хадид / Иман Хамам (Фото: Гети)

Настанот се пренесуваше на „Амазон прајм видео“ и Јутјуб и обедини имиња како Кејт Мос, Алесандра Амброзио, Тајра Бенкс, Ирина Шајк и сестрите Хадид. Настапија вкупно 50 манекенки од 25 држави и едночасовниот настап го следеше форматот познат од изданијата од минатото.

Барбара Палвин / Кендис Свејнпул (Фото: Гети)

Од „Викторијас сикрет“ кажаа дека годинашната ревија ќе го врати сексапилот и ќе го одрази брендот каков што е денес.

Во музичкиот дел настапија Шер, корејската поп-ѕвезда Лиса и јужноафриканската пејачка Тила.

Алесандра Амброзио (Фото: Гети)
Виторија Черети (Фото: Гети)
Ирина Шајк / Кејт Мос (Фото: Гети)
Девин Гарсија / Дуцен Крус (Фото: Гети)