Американскиот актер и режисер Џон Красински е најсекси маж на светот за 2024, според традиционалниот избор на магазинот „Пипл“.
Четириесет и петгодишниот Красински се прослави во американската верзија на серијата „Канцеларија“, пред да го почне хорор серијалот „Тивко место“ и да стане ѕвезда на акционата серија „Џек Рајан“.
Красински изјави за „Пипл“ дека неговата прва реакција на новата титула била моментално помрачување.
„Всушност, немав никакви мисли за тоа. Мислев дека е некоја шега. Мислам дека ова ќе ме натера да правам повеќе домаќински работи“, кажа Красински.
Тој е во брак со британската актерка Емили Блант, со која има две деца.
„Пипл“ веќе 40 години ја доделува оваа титула, што Красински ја презема од актерот Патрик Демпси.
(Фото: АП)