ПРИНЦОТ ЧАРЛС ГО ПОСЕТИ СЕТОТ НА НОВИОТ ЏЕЈМС БОНД И НЕ МОЖЕА ДА ГО ОДДЕЛАТ ОД „АСТОН МАРТИН“

Лондон, (Си-Ен-Ен)
IVER HEATH, ENGLAND - JUNE 20: Prince Charles, Prince of Wales meets with actor Daniel Craig during a visit to the James Bond set at Pinewood Studios on June 20, 2019 in Iver Heath, England. HRH is the Royal Patron of The British Film Institute and the Intelligence Services. (Photo by Chris Jackson/Getty Images)

Принцот Чарлс неочекувано се појави на сетот на новиот филм за Џејмс Бонд, кадешто се сретна со Даниел Крег и направи инспекција на автомобили и необични уреди што ќе ги користи тајниот агент 007.

Крег го прошета принцот од Велс по легендарното студио „Пајнвуд“ во близина на Лондон, каде што за потребите на новиот филм е направен е посебен сет во стилот на Куба. Како голем фан на „астон мартин“, принцот Чарлс имаше можност одблиску да види и две возила што ќе се појават во новиот филм, „ДБ5“ и „В8“.

За потребите на новиот филм во Лондон е направен и посебен сет во стилот на Куба (Фото: Гети)

„Тој беше многу заинтересиран да дознае како од нови автомобили правиме стари. Имаа долг разговор со Даниел. Двајцата се големи љубители на ‘астон мартин‘, па беа како две возрасни деца со играчки“, изјави продуцентката Барбара Броколи.

Продукцијата на 25. филм од серијалот, кој треба да излезе во април 2020, досега не течеше мазно, а последниот инцидент беше повредата на Крег на снимањето во Јамајка.

Принцот Чарлс со Даниел Крег и Реиф Фајнс (Фото: Гети)