Сезоната на цутење на црешите, традиционалниот симбол на пролетта во Јапонија, го достигна својот врв најрано откако почнале да се водат податоци пред 1.200 години. Универзитетот во Осака објави дека врвот на сезоната во Кјото бил на 26 март. Научниците сметаат дека раното цутење во изминатите децении би можело да биде последица на климатските промени.

Во царските документи и дневници, податоците за Кјото се водат од 812 година, а претходното најрано цутење било забележано на 27 март 1409 година.

Цутењето или сакура на јапонски трае само неколку дена, но е исклучително важно за Јапонија, и економски и културолошки. Од почетокот на 19. век, врвот на цутењето постепено се поместувало од средина кон почеток на април.

Оваа година, сезоната почна во Хирошима на 11 март, осум дена порано од претходниот рекорд од 2004.