Холивудската актерка Скарлет Јохансон се сврши со момчето Колин Џост од ТВ-шоуто „Сабота навечер во живо“ (СНЛ).
Портпаролот на Јохансон, Марсел Паризо, за АП потврди дека двојката се свршила после двегодишна врска, но дека сѐ уште нема датум на венчавката.
Триесет и четиригодишната Јохансон претходно беше мажена со актерот Рајан Рејнолдс и со новинарот Ромен Доријак, со кого во 2014 ја доби ќерката Роуз. Ова ќе биде прв брак за 36-годишниот Џост, кој е ководител на емисија на СНЛ.