СЛЕДНАТА КРАЛСКА СВАДБА Е ЗА ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ

Лондон, (Харперс базар)

Принцот Хари и Меган Маркл не се единствената двојка која ќе има кралска свадба годинава. Братучетката на Хари, принцезата Јуџини, на 12 октомври ќе се венча со Џек Бруксбанк, со кого се заедно седум години.

Свадбата ќе се одржи во капелата Сент Џорџ во Виндзор, истата локација кадешто се венчаа Хари и Меган.

Свршеничкиот прстен на Јуџини е од жолто злато, со розов сафир и со помали дијаманти околу него. Таа и Бруксбанк заедно го дизајнирале прстенот, кој изгледа многу слично на прстенот што нејзиниот татко, принцот Ендрју, ѝ го дал на нејзината мајка, Сара Фергусон, во 1986 година.

Свршеничкиот прстен на принцезата Јуџини / Свршеничкиот прстен на војвотката од Јорк, Сара Фергусон, во 1986 година

Бруксбанк, поранешен менаџер на ноќен клуб, ја побарал принцезата за жена на почетокот на јануари за време на патувањето во Никарагва, но немал прстен кога клекнал пред неа.

„Најдов прстен кај еден златар, но на Јуџини ѝ предложив брак без него“, изјави тој за Би-Би-Си, додавајќи оти сакал неговата вереница да го одобри дизајнот.

„Се запознавме на скијање во Швајцарија, јас имав 20 години, а Џек имаше 24 и се заљубив”, изјави принцезата за време на интервјуто.