„ОДМАЗДНИЦИ 3“ СТАНА ЧЕТВРТИ ФИЛМ СО ЗАРАБОТЕНИ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Лос Анџелес, (Си-Ен-Ен)

„Одмаздници: војна на бесконечноста“ и официјално се придружи на ексклузивниот клуб филмови кои успеале да ја достигнат заработката од две милијарди долари на светско ниво.

Блокбастерот на Марвел ја надминал магичната граница во понеделникот, по 48 недели прикажување во кината, објави „Дизни“.

Други филмови кои успеале во ова се „Аватар“ во 2009, „Титаник“ во 1997 и „Војна на ѕвездите: силата се буди“ во 2015 година, со таа разлика што тие излегоа во декември, додека третиот дел на „Одмаздници“ имаше премиера надвор од сезоната на празници.

Откако излезе во април, филмот собори низа рекорди, заработувајќи 640 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето, а границата од една милијарда ја достигна по само 11 дена.

Студиото „Марвел“ има исклучително успешна година, имајќи предвид дека и „Црниот Пантер“ заработи 1,3 милијарди долари.

Првиот филм „Одмаздници“ заработи 1,5, а продолжението 1,4 милијарди долари.