Ѕвездата на „Игра на тронови“ Софи Тарнер и музичарот Џо Џонас објавија официјална фотографија од нивната втора свадба, која се одржа изминатиов викенд во замок на југот во Франција.

„Господин и госпоѓа Џонас“, стои под фотографијата од свадбата, на која Тарнер носи раскошна венчаница и долг вел од чипка.

Директорот на одделот за женски колекции на „Луј Витон“ Никола Гескиер на Инстаграм објави фотографија од венчаницата со долги ракави, на која напиша „Апсолутна убавина“.
Тарнер (23) и Џонас (29), кој е член на бендот „Џонас брадрс“, се венчаа во мај во Лас Вегас.