УКРАДЕНИ ПЕТ ПИШТОЛИ ОД ФИЛМОВИТЕ ЗА ЏЕЈМС БОНД

Лондон, (Ројтерс)

Пет пиштоли кои биле користени во филмовите за Џејмс Бонд, меѓу кои и последниот во кој тајниот агент 007 го играл Роџер Мур, се украдени од куќа во северен Лондон, а осомничените имале источноевропски акценти, соопшти британската полиција.

Според проценките на полицијата, вредноста на пиштолите, кои се неактивни, е над 100.000 фунти (112 илјади долари).

Меѓу украдените модели се „берета чита“, која се појави во „Умри друг ден“, „валтер ППК“ од „Поглед на убиство“ и револвер „смит и вестон .44 магнум“ од „Живеј и остави ги другите да умрат“.

„Повеќето од овие модели се незаменливи. Украдениот ‘магнум‘, на пример, е единствениот ваков модел целосно изработен од хром“, изјави инспекторот Пол Ридли.