ВАЛЕНТИНА САМПАЈО Е ПРВИОТ ТРАНСРОДОВ МОДЕЛ НА „СПОРТС ИЛУСТРЕЈТЕД“

Њујорк, (Гардијан)

Валентина Сампајо испиша историја станувајќи прв трансродов модел кој облече костим за капење за престижното годишно издание на „Спортс илустрејтед“. Дваесет и тригодишната Бразилка ќе биде главната ѕвезда на изданието што ќе излезе на 21 јули.

(Фото: Спортс илустрејтед)

За Сампајо не е ништо ново да урива бариери: во 2017 година таа се најде на насловната страница на „Вог“, а лани стана прв трансродов модел ангажиран од „Викторијас сикрет“.

„Возбудена сум и почестена што сум дел од легендарното издание на ‘Спортс илустрејтед‘, чиј тим направи уште едно историско издание. Родена сум во зафрлено рибарско село во северен Бразил, кој е прекрасна земја, но ја има најголемата бројка на убиства и насилни злосторства против транс-заедницата на светот. Да се биде трансродова личност најчесто значи да се соочуваш со затворени врати. Трпиме навреди, понижувања и физички напади само затоа што постоиме. Му благодарам на ‘Спортс илустрејтед‘ што ме гледа и почитува онаква каква што сум, како човек“, вели Сампајо во есејот за „Спортс илустрејтед“.