ВИКТОРИЈА БЕКАМ И МЕГАН МАРКЛ СЕ НОВИТЕ НАЈДОБРИ ПРИЈАТЕЛКИ ВО ЛОНДОН

Лондон, (Дејли мејл)

Меган Маркл се подготвува за преселба во Лондон, откако се сврши со принцот Хари, а првите совети за градот ги добива од Викторија Бекам.

Како што пишуваат англиските весници, двете поминуваат доста време заедно и Викторија особено се труди да ја запознае Меган со најдобрите салони за убавина во градот, што, како идна војвотка, ќе ѝ биде од голема важност.

Поранешната актерка била многу задоволна од новосоздаденото пријателство и редовно се допишувала со Викторија, која ѝ помагала да се навикне на новиот живот во Лондон. Тие многу се зближиле поради нивната љубов кон модата и убави работи.

Викторија Бекам, која на социјалните мрежи редовно споделува совети за шминкањето, ѝ дала на Меган листа на ексклузивни салони за убавина, што ќе може да ги посетува во Лондон.

„Меган е многу задоволна од советите што ги добива од Викторија и е благодарна за ова пријателство. Двете станаа многу блиски и редовно си пишуваат. Меган дури размислува да го посети фризерот на Викторија пред празниците“, изјави извор близок до кралското семејство.

Принцот Хари и Меган Маркл ќе прават свадба на пролет, но точниот датум и други детали сѐ уште не се соопштени. Тие потоа ќе живеат во палата Кенсингтон.