Францускиот актер Винсент Касел доби ќерка со втората сопруга, 30 години помладата манекенка Тина Канакеј. Амазони е трето дете на Касел, кој од 14-годишниот брак со италијанската ѕвезда Моника Белучи ги има ќерките Дева (14) и Леони (8).
„Амазони се роди“, објави Касел на Инстаграм, покрај фотографија од водопад во дождовна шума во Амазон.
Касел (52) и Канакеј (22), кои имаат куќа во Бразил, се венчаа на крајот на август, во присуство на стотина гости во мало крајбрежно место во близина на Бијариц, југозападна Франција.