САЕМ ЗА АМЕРИКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТИ ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Амбасадата на САД во Скопје ќе биде домаќин на турнејата на EducationUSA низ Југоисточна Европа, а настанот ќе се одржи денеска во хотел „Мериот“ од 17 до 19 часот.

Претставници на 15 универзитети од САД ќе одговараат на прашања во врска со високото образование во САД и нивните институции. Влезот е бесплатен за сите студенти и нивни родители.

Советниците на EducationUSA ќе објаснат како се аплицира на универзитет во САД и ќе ги информираат студентите за услугите што ги обезбедуваат нивни центри во Македонија. Во исто време ќе може да се дознае за школарини и за програми за размена на студенти, спонзорирани од Владата на САД.