АВТОБУСИТЕ ВО ЛОНДОН ЌЕ ВОЗАТ НА КАФЕ

Лондон, (Индипендент)

Лондонските црвени автобуси наскоро ќе возат на кафе, односно биогориво прозведено од кафени зрна. Технолошката компанија со седиште во Лондон „Био-бин“ веќе склучи партнерства со кафулиња и фабрики низ Британија за собирање на искористени зрна, а иницијативата ја поддржа и нафтениот гигант „Шел“.

Досега се произведени 6.000 литри гориво од кафе, што кога ќе се измеша со класичен дизел, е доволно за годишен погон на еден автобус. Тие ќе можат да возат вака без дополнителни модификации.

Според проценките на „Био-бин“, просечен жител на Лондон пие 2,3 кафиња на ден, со што се добиваат 200.000 тони отпад годишно. Британија произведува 500.000 тони кафе годишно.

„Тоа има високо ниво на масленост и ќе учествува со 20 проценти во производството на биогоривото, во кое потоа ќе се додава традиционално дизел гориво“, вели Артур Кеј, основач на „Био-бин“.

„Био-бин“ е основана во 2013 година и наскоро планира да се прошири низ Европа и САД. Притоа се избираат местата што имаат фабрики за инстант кафе, а луѓе кои консумираат многу кафе и онака има секаде.