БЕЛГИСКАТА ТРУПА „ИНКАР“ СО ПЕРФОРМАНС НА СКОПСКО ЛЕТО

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Вечерва (17 јули) од 20 часот на Скопско лето, во Сули ан ќе се одржи музички перформанс на белгиската танцова група „Инкар“.

„Incar Dansspektakel“ е полупрофесионална танцова група од Лебеке, Источна Фландрија. Постои повеќе од 60 години и се профилираше како постојан белег на фламанскиот културен пејзаж. Во 2023 одбележа 65 години постоење со претставата „IC65“.

Билетите се во продажба на karti.com.mk, а ќе се продавааат и на влезот на Сули ан.