„Факултети.мк“ и „Деца.мк“ го подготвуваат проектот „Бибиленд“, во кој девојчето Биби ќе ги учи децата да го сакаат македонскиот јазик. Проектот се состои од цртани филмови, сликовници, песнички и видеоигри.
Во тимот се драматургот Билјана Црвенковска, илустраторот Михајло Димитриевски (Тхе Мичо) и режисерот Гоце Цветановски, а актерката Слаѓана Вујошевиќ го позајми гласот за Биби.
„Биби е мало девојче кое зборува литературно. Таа не вели точак, туку велосипед. Најмногу се нервира кога ќе ѝ кажат дека има плави очи. Зашто таа има сини. И сака сите деца да го научат македонскиот литературен јазик. Со помош на сликовници, книги и едукативни видеа, ќе им помогне во тоа. Биби умее убаво да зборува и да објаснува, па може да им помага на другите деца во учењето. Таа е експерт за објаснување математика и физика. Омилена книга ѝ е детската енциклопедија, која од збор до збор ќе им ја раскажува на сите деца“, велат креаторите на проектот.