Канје Вест во саботата требаше да го објави својот деветти студиски албум, насловен „Јанди“, но тоа, сепак, не се случи.

Како што објасни за сајтот ТМЗ, тој не успеал да го заврши албумот на време, па сега планира да оди во Африка да го доврши.

„Мора да одам таму, да бидам со микрофонот на отворено и да ја слушам природата додека снимаме. Ја почувствував таа енергија кога бев во Чикаго, ги почувствував корените и затоа мора да одиме во Африка“, кажа Вест, кој, во меѓувреме, си го смени името во Је.

Тој додаде дека издавањето на албумот е поместено за Црн петок, 23 ноември, откако еден член на неговиот менаџерски тим му сугерирал дека треба уште време за него.

„Јанди“ ќе биде втор албум на Вест оваа година, откако во јуни го издаде „Је“.