БИЈОНСЕ МУ СЕ ПРИДРУЖИ НА СОПРУГОТ ЏЕЈ-ЗИ НА ЛИСТАТА НА МИЛИЈАРДЕРИ

Њујорк, (Гардијан)

Бијонсе стана петтиот милијардер меѓу музичарите, објави „Форбс“, придружувајќи му се на сопругот Џеј-Зи по успехот на турнејата „Каубој Картер“. Таа донесе заработка од над 450 милиони долари од продажба на карти и други производи.

Џеј-Зи беше првиот музичар на листата на милијардери на „Форбс“ во 2019, а потоа со овој статус се здобија и Ријана, Брус Спрингстин и Тејлор Свифт.

Иако Бијонсе започна неколку деловни проекти, како брендот за нега на коса „Секред“ и линијата за облека „Ајви Парк“, поголемиот дел од нејзиното лично богатство доаѓа од нејзината музика, вели „Форбс“. Во 2010, таа ја основа компанијата за менаџмент и продукција „Парквуд“, преземајќи контрола врз сите нејзини уметнички проекти, вклучувајќи музика, концерти и документарци.

(Фото: АП)