Лијам и Ноел Галагер најавија дека е можно повторно обединување на групата „Оејсис“. Тие на социјалните мрежи објавија кусо видео со истиот фонт и стил на познатото лого на бендот како и на официјалната страница на групата.
Видеото го покажува датумот 27.08.2024 пред да трепери, а потоа пишува „8 часот наутро“.
Обожавателите на рок бендот од Манчестер ги молеа браќата да се реобединат откако престанаа со работа во 2009, по тепачката зад сцената на фестивалот „Рок ен Сена“ во Париз.
Извештајот на „Сандеј тајмс“, цитирајќи упатени во индустријата, тврди дека браќата требало да имаат низа настапи следната година, вклучително и шоуа на стадионот „Вембли“ во Лондон и „Хитон парк“ во Манчестер.
Лијам Галагер помина голем дел од неделата одговарајќи на гласините на Икс.
„Никогаш не ми се допадна тој збор ПОРАНЕШЕН“, рече тој, пред да сподели линкови од вести за гласините за повторно обединување.
Еден обожавател на интернет рече дека Хитон Парк е „страшно место за концерти“, а Лијам одговори: „Се гледаме понатаму“.
Кога друг прашал кога ќе бидат објавени датумите за повторно обединување, тој одговорил: „Следниот петок.“
Браќата отсекогаш имаа нестабилен однос, а низа турнеи се распаднаа со текот на годините, завршувајќи со тепачка зад сцената во 2009 гво Париз, што резултираше со напуштање на Ноел на бендот.
.