Британецот Кентон Кул се искачи на Монт Еверест по 19. пат, подобрувајќи го сопствениот рекорд за најмногу искачувања на највисоката планина на светот од ненепалски планинар. Педесет и едногодишниот Кул беше придружуван од шерпасот Дорџи Ѓалјен, за кого ова беше 23. искачување.
Кул првпат се искачи на Еверест во 2004 и оттогаш го искачува речиси секоја година. Од различни причини не беше во можност да се качува во 2014, 2015 и 2020 година.
Светскиот рекорд го држи шерпасот Ками Рита, кој 30 пати бил на врвот на 8.849 метри високиот Монт Еверест и моментално е на планината, обидувајќи се да постави нов рекорд.
(Фото: Гети)