Oд 4 до 11 ноември, во битолското кино „Манаки“ ќе се прикажуваат неколку филмови.
На 4, 6 и 7 ноември ќе игра „Мојата голема мрсна грчка свадба 3“, американската романтична комедија од 2023, во режија од Ниjа Вардалос. Во третиот дел, освен Вардалос, играат Џон Корбет, Луис Мендилор, Елена Кампурис, Гија Каридес, Џои Фатоне, Леини Казан и Андреа Мартин. Во првите два дела, главната машка улога ја игра Мајкл Константин, кој почина во 2021.
На 4,5, 6 и 8 ноември ќе игра американскиот криминалистички филм „Убијците на цветната месечина“, во режија и продукција на Мартин Скорсезе, кој го напиша и сценариото заедно со Ерик Рот, базирано на истоимената книга на Дејвид Гран од 2017.
Од 8 до 10 ноември ќе игра британскиот трилер „Џерико Риџ“, а од 9 до 11 ноември ќе се прикажува „Опенхајмер“, во режија на Кристофер Нолан. Американскиот физичар Џ. Роберт Опенхајмер го глуми Килијан Марфи.
Билетите за сите проекции чинат 200 денари.