ДЕТСКИОТ БАЛЕТ „ПЕТАР ПАН“ ЌЕ СЕ ИЗВЕДЕ НА 21 ФЕВРУАРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утревечер (21 февруари) од 19 часот, во Националната опера и балет ќе се изведе балетската претстава за деца, „Петар Пан“, во продукција на НОБ.

Кореографијата е на Џејмс Амар од Франција, сценографијата на Зоран Костовски, костимите на Марија Пупучевска. Во претставата настапуваат солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Приказната за ‘момчето што не сака да порасне’ е една од најуспешните и најпопуларни детски приказни на сите времиња. Ликот на Петар Пан го создаде шкотскиот писател и драматург Џ. М. Бери.