Балетот „Кармен свита и Болеро“ од Жорж Бизе и Морис Равел, во продукција на Опера и театар „Мадленијанум“ од Србија, ќе се изведе вечерва (22 јули) на Охридско лето. Претставата ќе се изведе во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 21:30 часот. Кореограф е Александар Илиќ.
Балетот „Кармен свита“ претставува адаптација на познатата опера на Бизе, „Кармен“, раскажувајќи ја страсната приказна за неограничената и предизвикувачка Кармен.
„Потпирајќи се на виртуозната музика, Александар Илиќ гради нова кореографска динамика, во која силата и емоцијата се испреплетуваат во моќен сценски израз. ‘Болеро’ во визијата на Илиќ станува хипнотички танцов спектакл“, најавува Охридско лето.
Насловната улога ја изведува Гала Јовановиќ, солистка на Виенската државна опера, а улогата на Дон Хозе ја игра Александар Полупанов.