ДВОЈКА ОД ПИТСБУРГ ПОСВОИ ШЕСТ БРАЌА И СЕСТРИ ЗА ДА НЕ ОСТАНАТ РАЗДВОЕНИ

Питсбург, (Дејли мејл)

Шест браќа и сестри кои во изминатите пет години живееле во згрижувачки семејства добија постојан дом и ќе останат заедно благодарение на двојка од Питсбург.

Стив и Роб Андерсон-Меклин официјално станаа родители на четири машки и две женски деца на возраст од седум до 14 години, со што го зголемија своето семејство на десет членови. Тие ги одгледуваат и двајцата биолошки синови на Стив од неговиот претходен брак.

„Моментално ги засакавме. Уште кога ги видовме на фотографија“, изјави Стив.

Тој и Роб се имаат запознато пред 18 години и легално се венчале во Мериленд во 2013.

„Отсекогаш сме сакале да го прошириме семејството и да продолжиме да бидеме родители на млади луѓе“, додаде Роб.

Тие ги виделе децата на еден сајт за посвојување од Охајо и во почетокот на 2018 почнале да комуницираат со социјалниот работник одговорен за нив. Со децата, кои имале тешко детство и биле занемарувани и злоупотребувани од своите биолошки родители, првпат се сретнале во јули во една кугларница и оттогаш често поминувале време заедно. Посвојувањето беше официјализирано на 23 мај.