РИЈАНА Е НАЈБОГАТАТА МУЗИЧАРКА НА СВЕТОТ СО 600 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Њујорк, (Гардијан)

Ријана е прогласена за најбогата музичарка на светот. Магазинот „Форбс“ го процени нејзиното богатство на 600 милиони долари, што се должи како на музиката, така и на бизнисите во светот на модата.

Таа во 2017 година ја лансираше својата козметичка компанија „Фенти бјути“, која денес вреди повеќе од три милијарди долари, а минатиот месец стана дел од француската луксузна групација „ЛМВХ“ со својот нов моден бренд „Фенти“.

„Парите не ме водат во животот. Тие значат дека можам да водам грижа за моето семејство. Сакам да отворам работни места. Моите пари не се за мене, со нив сакам да помагам други“, кажа Ријана во интервјуто за „Њујорк тајмс“.

На второто место на листата на „Форбс“ е Мадона со 570 милиони долари, па следуваат Селин Дион (450 милиони), Барбра Стрејсенд (400) и Тејлор Свифт (360).