„Македонски сновиденија“ е насловен концертот на Националниот џез оркестар, со кој на 25 октомври ќе се отворат Есенските музички свечености. Концертот е од 20 часот во Малата сала на Филхармонијата, а ќе диригира Владимир Николов.
Проектот „Македонски сновиденија“ се најавува како енергична фузија на македонски фолклор и современ џез.
Есенските музички свечености ќе траат до 10 ноември.
Фото: К. Попов