Женскиот младински хор при Младински културен центар (МКЦ) во Скопје освои Гран при на меѓународниот хорски фестивал „Црноморски звуци“, кој од 4 до 8 јуни се одржа во Балчик, Бугарија.
Освен на натпреварот, хорот под диригентство на Сашо Татарчевски учествуваше и на концертите на фестивалот, како и на мастер предавањата, каде се изучуваа нови композиции.
Женскиот младински хор овој месец ќе има концерти во Охрид и Тетово.