ГРУПАТА „ВЕТРИЛО“ СНИМИ ПРЕПЕВ НА „ЦРНО СОНЦЕ“ ОД АЦО ШОПОВ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Англискиот препев на „Црно сонце“ од Ацо Шопов е првата песна на бендот „Ветрило“, снимена во чест на стогодишнината од раѓањето на македонскиот поет.

Музиката е на Верица Андреевска и Дејан Спасовиќ, а во изведбата им се придружија Кирил Бабамов, Верица Недеска и Круме Стефановски. Тонски снимател е Ивица Јанкуловски од студиото „Алшар“, кој ги работеше и аудиомиксот и мастерингот на песната.

Спотот во режија на Спасовиќ го снимаа Томислав Георгиев и Драгица Николовска, а монтажата е на Небојша Илијевски. „Црно сонце“ е и најава на албумот на „Ветрило“, кој ќе опфати и поезија од помлади македонски автори.