Утре (25 октомври) од 21 часот, во клубот „Минус 1″ во Скопје ќе се одржи хип-хоп настап, на кој ќе настапат Гоце Саф (фото) и швајцарско-италијанските диџеи Матак и Фанки Нано.
Настанот го организира Амбасадата на Италија во Скопје по повод Неделата на италијанскиот јазик во светот. Влезот е бесплатен.