Хрватскиот боксер Филип Хрговиќ ќе се бори за светската титула во тешка категорија во верзијата на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ), а противник ќе му биде Мозес Итаума. Мечот ќе се одржи на 29 август во арената „О2“ во Лондон.
Ова ќе биде втор обид на Хрговиќ да стане светски шампион во тешка категорија. Првата шанса ја имаше пред две години, но изгуби од Даниел Дибоа.
Дваесет и едногодишниот Британец Итаума е 13 години помлад од Хрговиќ и важи за голема надеж на светскиот бокс.
Појасот на ИБФ стана слободен откако Олександр Усик го предаде во јуни.
(Фото: Фејсбук)