ЧЕТКАР СО КОНЦЕРТ ВО ЉУБАНИШТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (8 август) на охридската плажа Љубаништа концерт ќе одржи џез-музичарот Владимир Четкар со неговиот бенд.

„За добрата забава претходно и потоа ќе бидат задолжени диџеите Фејс и Чваре, а јас едвај го чекам концертот”, вели Четкар.

Вратите се отвораат во 19 часот, а билетите по цена од 400 денари се достапни онлајн преку TixMK. За публиката е организиран и бродски превоз од градското пристаниште, со враќање по завршувањето на настанот.