Денеска (8 ноември) во Националната опера и балет ќе се одржува седмото издание на Интернационалниот танцов натпревар „Стејџ“, што ќе трае од 9 до 22 часот.
На големата и на малата сцена ќе настапат над 1.600 деца и млади танчари од 12 држави, кои ќе играат класичен и современ балет и џез и ќе изведат акробатски и шоу танци.
„Со секое издание, настанот станува мост што ги поврзува младите генерации преку уметноста, промовирајќи ја Македонија како земја на култура, талент и инспирација“, вели Тамара Ѓурчиновска, уметничка директорка на натпреварот.
Настанот е во организација на Тамара Ѓурчиновска и балетското студио „Арт Балет“.